Сите државни патишта проодни и безбедни – надлежните служби постојано на терен

Точка

21/01/2026

11:17

253

Големина на фонт

а а а

Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Поради снежните врнежи се апелира на внимателно возење и задолжителна употреба на зимска опрема. Надлежните институции континуирано спроведуваат активности за одржување на патната инфраструктура и безбедноста во сообраќајот.

Сите државни патишта во Република Северна Македонија се проодни и сообраќајот се одвива непречено. И покрај стабилната состојба на патната мрежа, поради врнежите од снег се препорачува зголемена внимателност при управување со возилата и почитување на сообраќајните прописи.

Екипите на ЈП „Македонија пат“ се целосно екипирани и со потребната механизација и работна сила се постојано присутни на терен, каде во континуитет се врши расчистување на снегот и одржување на коловозите. Активностите се реализираат во тесна координација со ЈП за државни патишта и Министерството за транспорт, со цел да се обезбеди безбедно и непречено одвивање на сообраќајот на сите патни правци.


Надлежните служби апелираат до сите учесници во сообраќајот да управуваат со возилата внимателно и совесно, задолжително да користат зимска опрема, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината согласно временските и патните услови.

Исто така, се препорачува граѓаните навремено да се информираат за состојбата и условите на државните патишта преку официјалните информативни центри. Координираните активности на надлежните институции продолжуваат и во наредниот период, со цел да се одржи безбедноста и континуитетот на сообраќајот во услови на зимски временски влијанија.