Од оваа година 15.000 денари за секое новороденче во општина Крива Паланка

Макфакс

21/01/2026

08:49

154

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски го посети првото новороденче во Општината во 2026 година – машко бебе, на кое му беа врачени пригодни подароци.

Посетата е дел од континуираните активности на општина Крива Паланка за поддршка на младите семејства и афирмација на наталитетот.

🤍 Денес, имав огромна чест и посебно задоволство да го посетам првото новороденче во Крива Паланка во 2026 година. 🌟


За...

Posted by Сашко Митовски on Tuesday, January 20, 2026

„Во рамки на мерките за поддршка на семејствата со новороденче, финансиската поддршка што ја обезбедува општина Крива Паланка изнесува 15.000 денари за секое новороденче“, известуваат од Општината.