Ѓорѓиевски: Од раните утрински часови, екипите на Град Скопје се постојано на терен

Макфакс

21/01/2026

10:41

413

Големина на фонт

а а а

Соочени со зимските услови и снежните врнежи, Град Скопје навремено и одговорно ги презема сите неопходни мерки за обезбедување безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Екипите на Град Скопје уште од раните утрински часови се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на улиците и булеварите под градска надлежност, со 24-часовна активност и координација на кризниот штаб, известуваат од Град Скопје.

Од раните утрински часови, екипите на Град Скопје се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците и булеварите што се под надлежност на градот.

🫡 Снегот не е изненадување во зима - подготвеноста е наша обврска!


🚚 Од раните утрински часови, екипите на Град Скопје...

Posted by Орце Ѓорѓиевски - Orce Gjorgjievski on Tuesday, January 20, 2026

Со цел навремена и ефикасна реакција, кризниот штаб е активиран 24 часа дневно, со континуирано следење и детектирање на сите клучни и критични точки.

Безбедноста на граѓаните е наш приоритет.

Затоа, апелираме до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно, да ги почитуваат сообраќајните правила и да ја прилагодат брзината и начинот на возење на зимските услови.

Со одговорност, навремена акција и заедничка грижа – Скопје се движи безбедно и во зима“, напиша градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на социјални мрежи.