[ВИДЕО] Стопанска банка го овозможи Apple Pay за своите клиенти - безбеден и сигурен начин на плаќање преку Apple уреди

Точка

20/01/2026

12:28

137

Големина на фонт

а а а

Стопанска банка од денеска на своите клиенти им го овозможува Apple Pay за брз, едноставен и безбеден начин на плаќање со своите Visa и MasterCard платежни картички користејќи Apple уред.

За користење на Apple Pay и дигитализација на VISA и MasterCard платежните картички, потребно е клиентите да ја преземат бесплатната мобилна апликација Apple Wallet, а поради засилената автентикација мора да се и активни корисници на мобилната апликација на Стопанска банка.

Секое купување со Apple Pay е безбедно бидејќи е автентицирано со идентификација на лице (Face ID), идентификација преку допир (Touch ID) или лозинка на уредот. Со Apple Pay може да се плаќа на сите продажни места кои имаат ПОС терминал со бесконтактен читач и прифаќаат бесконтактно плаќање, како и на интернет-страници и апликации кои прифаќаат Apple Pay. И подигнувањето на готовина од банкомати е овозможено на уредите што имаат бесконтактен читач, без потреба од самата физичка картичка.


Безбедноста и приватноста се основните начела во функционирањето на Apple Pay. Кога клиентите користат дигитализирана дебитна или кредитна картичка со Apple Pay добиваат слобода и се спокојни, затоа што бројот на платежната картичка никогаш нема да биде зачуван на уредот или на серверите на Apple и никогаш нема да биде споделен со трговците.

Apple Pay користи NFC технологија (комуникација во близина) за плаќања во продавница и го заштитува вашиот вистински број на картичката со користење на уникатен број специфичен за уредот и код за трансакција.

Со овозможување на услугата Apple Pay, Банката дополнително ја зајакнува својата стратегија за дигитална трансформација и ја збогатува понудата на иновативни дигитални банкарски решенија.

Повеќе информации околу користењето на Apple Pay се достапни на веб страницата на Банката: Стопанска Банка - Apple Pay како и видео упатствата за користење.

Комерцијален текст