[ВИДЕО] Шок во Бугарија: Радев даде оставка

A1ON.MK

19/01/2026

20:04

1.312

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Бугарија Румен Радев денес објави дека поднесува оставка и додаде дека сегашната потпретседателка Илијана Јотова ќе ја преземе функцијата шеф на државата.

„Утре ќе поднесам оставка од функцијата претседател на Република Бугарија“, изјави Радев на вонреден брифинг, според „Бугарски вести“.

Радев истакна дека бугарската демократија нема да преживее ако е оставена на, како што рече, „корумпирани структури и екстремисти“, нагласувајќи дека довербата на граѓаните го обврзува да ги штити институциите.

Oбръщение към българския народ

Oбръщение към българския народ

Posted by Румен Радев on Monday, January 19, 2026

Тој потсети дека за прв пат бил избран за претседател пред девет години, а дека довербата била обновена во 2021 година, оценувајќи дека се обидел да ја оправда оваа чест и одговорност во сите свои постапки.

„Пред девет години, гласавте за мене да ѝ служам на Бугарија како претседател. Заедно доживеавме низа кризи, напади од олигархијата и големи протести во 2020 и 2025 година. Денес ви се обраќам за последен пат како претседател на Бугарија. Ги признавам моите грешки“, рече Радев, пренесува бугарскиот „Евроњуз“.