Претежно сончево, приквечер врнежи од снег кои ќе продолжат во среда

Нетпрес

20/01/2026

07:22

1.468

Големина на фонт

а а а

Во вторник на територијата на Македонија претпладне ќе биде претежно сончево, попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекуваат повремени врнежи претежно од снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Утринските температири се движат меѓу минус 12 до минус 2, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во опсегот од минус 2 до 7 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од источен правец. Температурата ќе достигне до 6 степени.

Во среда ќе има повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.