Има 60 години и рамен стомак како од соништата: Џина ја откри тајната на својата витка линија

Точка

16/01/2026

17:29

601

Големина на фонт

а а а

Вишокот килограми често создава главоболки, а најчестото место каде што се таложат мастите е стомакот. Додека многумина посегнуваат по разни популарни лекови за слабеење, германската инфлуенсерка Џина Древаловски (60) откри неколку совети за фигура од соништата.

Џина тврди дека никогаш не користела „Ozempic“, туку се потпира на паметно избрани оброци и редовна физичка активност. Оваа инфлуенсерка може да се пофали со витка фигура, а за својот рамен стомак користи неколку едноставни трикови.

„Сакам да покажам дека стареењето е наша супермоќ, а не пречка“, порача таа во видео објавено на „Instagram“.


Идеи за оброци

Денот го започнува со појадок од околу 348 калории, кој ѝ дава енергија без чувство на тежина во желудникот. Потребно е: три јајца, едно парче интегрален леб, 50 грама шери домати и две парчиња чадена мисиркина шунка.

Кајганата се подготвува на класичен начин, лебот се издлабува во средината, се полни со јајцата и топлите домати, а одозгора се додава мисиркиното месо. Овој оброк содржи 27 грама протеини, 21 грам јаглехидрати и 16,6 грама здрави масти.


Ручек: Протеински сендвич со лосос и авокадо

За ручек избира оброк од околу 420 калории – протеински леб со здрави масти и влакна. Потребно е: интегрален леб, половина авокадо, морска сол, лимета, бибер, две тврдо варени јајца, мал краставица и парче мариниран лосос.

Оброкот содржи 26 грама протеини, 22 грама јаглехидрати, 25 грама масти и седум грама влакна, што го прави идеален за стабилно ниво на енергија во текот на целиот ден.


Силата е поважна од бројката на вагата

За вечера, Џина подготвува полесна верзија на популарно кинеско јадење – говедски вок во слатко-кисел сос.

Потребно е: 200 грама говедски филе, морков, црвена и жолта пиперка, ананас, спанаќ, лук, ѓумбир, малку кокосово масло и по желба ориз. Сосот се прави од соја сос, јаболков оцет и сок од портокал.

Во комбинација со ориз, оброкот има околу 480 калории, 35 грама протеини, 15 грама масти и 50 грама јаглехидрати.

„Не секој ден е ден за рамен стомак и тоа е сосема во ред. Ако тренирате, важно е да го храните своето тело, а не да го казнувате. Ова се само идеи, приспособите ги на себе. Силата е поважна од бројката на вагата“, заклучи таа.