На социјалната мрежа Инстаграм постојано се појавуваат некои нови трендови кои неретко ги следат и јавните личности од Македонија.
Овојпат почетокот на 2026 година донесе нов тренд на којшто не одолеаја ни манекенката Катарина Ивановска ни пејачката Каролина Гочева.
Трендот се состои од објавување фотографии направени пред точно една деценија, односно во 2016 година.
Во својата објава пејачката Каролина Кочева сподели повеќе фотографии направени во 2016 година каде има такви на кои позира со семејството, но и во бикини и од дестинации кои ги посетила.
Под фотографиите Гочева напиша:
„Гледам по Инстаграмов 2026 била новата 2016-та... Па, според сликиве што ги ископав – воопшто не би ми сметало“.
Таа доби многубројни допаѓања и коментари од своите пријатели: „Љубов си Керол“, „Ја сакам твојата музика и енергија“, „Наша единствена, кралица, те обожавам“, „Чекаме албум“...


Од друга страна манекенката Катарина Ивановска објави фотографии од времето на нејзината богата кариера кога патувала низ светот и кога имала бројни фотосесии, но исто така и приватни фотографии од плажа.
Таа под фотографиите напиша:
„Трендот вели 2026-та ќе била како 2016-та. Јас велам, може“.
И таа доби многубројни допаѓања и коментари:
„Секогаш убава“, „Омилената кралица“...











