Џенифер Лоренс тврди дека ја изгубила улогата во филмот на Тарантино затоа што не била доволно убава

Точка

15/01/2026

21:19

489

Големина на фонт

а а а

Американската актерка Џенифер Лоренс тврди дека ја изгубила можноста за улогата на Шерон Тејт во филмот на Квентин Тарантино „Once Upon a Time in Hollywood“, затоа што, како што ѝ било кажано повеќепати, наводно не била „доволно убава“.

За искуството Лоренс зборувала на настанот 92NY и изјавила:

„Прилично сум сигурна дека тоа е вистина, или сум ја раскажала таа приказна толку многу пати на ист начин што верувам во неа, но прилично сум сигурна дека тоа се случи. Интернетот можеби отиде толку далеку што ме нарече грда“.


Имено, улогата на крајот за тој филм ја доби Марго Роби.

Според пишувањето на „Daily Mail“, одлуката наводно дошла од сестрата на Шерон, Дебра Тејт, која сметала дека Роби е подобар избор за портретирање на нејзината сестра, поранешна мисица и модел. Откако Роби ја добила улогата, Дебра Тејт јавно ја изразила својата поддршка за актерката и за „Vanity Fair“ изјавила дека Марго „совршено ја отелотворила нејзината сестра“, како и дека нејзината изведба ја расплакала бидејќи „звучела токму како Шерон“.

Квентин Тарантино јавно не потврдил дека Лоренс била разгледувана за улогата на Шерон Тејт, иако подоцна открил дека ја разгледувал за друга улога во филмот, која на крајот не се реализирала.