Шампионот конечно пронајде решение за Спарс, „езерџиите“ се истурија на Атланта

Дерби

14/01/2026

13:26

213

Големина на фонт

а а а

Актуелниот шампион во НБА лигата, Оклахома Сити Тандер конечно дојде до победа во дуелите со Сан Антонио Спарс во оваа сезона.

Популарните ОКЦ немаа решение за клубот од Тексас во претходните три дуели, но рано утрово тоа се промени и пред своите гледачи му одржаа лекција на ривалот од Западот со славје од 119:98.

Домаќините клучната предност ја направија во првата и третата четвртина кои ги реализираа со 32:26 и 40:24, а лидер стандардно беше Гилџес-Александер со 34 поени, 5 скока, 5 асистенции и дури 4 блокади. Најголема поддршка му беше Вилијамс со 20 поени,а ама мора исто така да се потенцира и помошта од клупата каде тројца играчи беа двоцифрени.

Касл со 20 кошеви, 7 скока и 8 асистенции беше прво име кај поразените.

Лос Анџелес Лејкерс игра променливо на стартот на 2026 година, но по трите порази во низа настрада Атланта Хокс која беше разбиена со 141:116.

„Езерџиите“ доминираа, поставија темпо уште од првата четвртина, а уште поважно е дека до овој резултат се дојде со тимска игра, а не некоја нестварна партија на Дончиќ.

Шест играчи беа двоцифрени, тројца имаа дабл-дабл учиноци и тоа Џејмс, Ејтон и Дончиќ. Александер Вокер уфрли 26 кошеви за поранешниот тим на Перо Антиќ.

РЕЗУЛТАТИ

Мајами – Феникс 127-121

Хјустон – Чикаго 119-113

Милвоки – Минесота 106-139

Њу Орлеанс – Денвер 116-122

Оклахома – Сан Антонио 119-98

ЛА Лејкерс – Атланта 141-116

Голден – Стејт – Портланд 119-97