Постои еден стар народен лек за кашлица што се користи за плакнење на грлото, така што ќе одиме на спиење со чисто грло, ќе ја смириме кашлицата и конечно ќе заспиеме. Овој старински лек ја смирува иритацијата на грлото, ја раствора густата слуз и ги отстранува иритирачките материи од грлото.
Народниот лек за кашлица не се пие
Раствор од топла солена вода е добро познат народен и домашен лек кој првенствено се користи за гаргара за смирување на болното грло, намалување на воспалението, а помага и во разредувањето на слузта што ја предизвикува кашлицата. Не е наменет за голтање за да се излекува кашлицата, туку само за гаргара.

Хроничната кашлица може да биде многу повеќе од само непријатност – може да го наруши сонот, да направи да се чувствуваме непријатно, да ја попречи работата и социјалните интеракции, па дури и да сигнализира некоја здравствена состојба. Кашлицата може да биде предизвикана од неколку причини и често започнува по напад на кивање, па затоа се препорачува наједноставното домашно олеснување за кашлица – вдишување пареа, дури и од врел туш или чајник со врела вода, бидејќи слузта полесно се исфрла кога воздухот е топол и влажен.
Растворот од солена вода го смирува болното грло што „гребе“
Гаргарањето со топла солена вода помага, бидејќи го смирува болното грло што „гребе“, често придружено со кашлица. Солената вода помага во намалување на воспалението и уништување на бактериите и обезбедува привремено олеснување. Измешајте половина лажичка сол во 250 мл топла вода, навалете ја главата назад и плакнете го грлото колку што можете подолго, а потоа исплукајте го растворот.

Ако не можете да се ослободите од кашлицата по неколку недели или слушате свирење при дишењето, имате температура, отежнато дишење (краток здив), упорна болка или притисок во градите, треба да се консултирате со лекар, бидејќи тоа значи дека може да станува збор за нешто посериозно, како што се хроничен синузитис, астма, бронхитис, пневмонија (воспаление на белите дробови), па дури и проблеми со срцето.










