Чаби Алонсо го загуби првото „Ел Класико“ како тренер на Реал Мадрид, но за разлика од воведното кое го доби во Ла Лига, овојпат испушти и шанса за прв трофеј како предводник на „кралевите“.
Барселона беше подобар во Суперкупот во Џеда и славеше со 3:2, па иако и натаму има најави дека Чаби има големи шанси да остане без работа во блиска иднина, тренерот на Реал не очајува и не даде преголема важност на поразот.
– Тимот имаше одличен став на теренот и знаевме за што играме. Во првите 30 минути не им дозволивме ништо, а потоа се случија многу работи во кратко време. Дадовме одговор на секој нивни удар, а во второто полувреме на крајот загубивме поради одбиена топка. Ни фалеше малку за да одговориме по третпат и да стигнеме до пенали.
– Не сме задоволни од резултатот, но може да извлече позитивни поуки за продолжението од сезоната. Најважно е да ги вратиме играчите кои ни се повредени, тоа е круцијално за нас во овој момент.
– Да не заборавиме, ова беше најмалку важното натпреварување од сите во кои сме во игра. Да гледаме позитивно на иднината, да гледаме да ги вратиме играчите кои ни се повредени и да ја зголемите самодовербата. Има уште многу за игра до крајот, – изјави Алонсо.







