Флик за играчот кој најмногу еволуираше под негово водство: Може да биде иден капитен на тимот

Дерби

12/01/2026

11:12

255

Големина на фонт

а а а

Ханси Флик се израдува на нова „Ел Класико“ победа, а од друга страна, победи и во осмото финале од кое беше дел во својата тренерска кариера.

Перфектниот Германец го сочува совршениот ефект и остана непоразен во финалињата, биланс кој се повеќе изгледа совршено бидејќи последните три финалиња ги доби против Реал Мадрид.

Победата од 3:2 во Суперкупот во Џеда донесе огромна сатисфакција во тимот на Барселона, а Ханси не криеше дека играчите скокале од радост и во соблекувалната по шоуто на теренот.

– Многу сум задоволен од изданието на играчите, заслужуваат да се радуваат. Од тоа што го видов накратко, сите играат и танцуваат во соблекувалната. Горд сум на играчите, одигравме многу добро, одигравме онака какошто знаеме. Го имавме поседот и ја контролиравме играта. Не беше лесно, но ја остваривме зацртаната цел, – изјави Флик.

Покрај тоа што го испофали херојот Рафиња, германскиот стручњак не пропушти да го апострофира и значењето на играчот кој се претвори во редовен стартер оваа сезона, дефанзивецот Ерик Гарсија.

– Менталитетот на Рафиња е импресивен, тој го пренесува својот менталитет врз останатите и влијае врз тимот. Не ја искористи првата шанса која ја имаше, но продолжи да работи и ја искористи втората шанса. Тој секогаш истапува како лидер.

– Сакам да ја издвојам и партијата на Ерик Гарсија. Имаше доста шанси откако сум тука и еволуираше какошто треба. Навистина го ценам неговото залагање, може да одговори на повеќе позиции и има импресивен менталитет. Сметам дека може да биде еден од капитените на тимот во иднина, – заврши Флик.