Лапорта ја „поздрави“ првата ѕвезда на Реал: Треба да се биде голем и во поразите!

Дерби

12/01/2026

12:16

338

Големина на фонт

а а а

Каталонските медиуми го нарекуваат Килијан Мбапе лош губитник, а истото го велат и за сите оние кои го следеа неговиот пример и го послушаа во намерата да не покажат почит кон новиот шампион во Суперкупот.

Напаѓачот на Реал Мадрид натера дел од своите соиграчи да не режираат „шпалир“ за Барселона и да не го дочекаат подигнувањето на трофејот, па бидејќи оваа ситуација стана доста коментирана во шпанската јавност, со своја изјава се јави и Жоан Лапорта.

Првиот човек на Барселона веднаш по натпреварот откри дека добил срдечна честитка од Флорентино Перез кој секогаш е голем и во поразите, но очигледно нема такво мислење и за Мбапе кој се најде во центарот на вниманието со својата реакција.

– Изненаден сум што тие не режираа шпалира за нас, откако ние претходно го направивме тоа за нив. Треба да бидете великодушен и голем и во поразите.

– Треба да покажете почит кон ривалот и кога губите, но од друга страна, разбирам дека ова е тешко за нив. Сигурно било многу мачно да не гледаат штом реагираа така, – изјави Лапорта.