Антонио Конте еуфорично го славеше израмнувачкиот гол на Скот МекТоминеј против Интер, но тоа го правеше од првиот ред од трибината на „Сан Сиро“ од едноствана причина што беше избркан од своето место.
Во моментите кога Интер доби пенал и шанса да поведе со 2:1, тренерот на Наполи целосно полуде по одлуката на судиите да досудат најстрога казна, па Конте приреди вистинско шоу препознатливо за себе.
Нервозниот Конте најпрво рогна шише со вода кое се најде пред него, а потоа му се „заби“ во лице и на четвртиот судија.
Арбитарот Коломбо мораше одблиску да го гледа разбеснетиот Антонио, по што Довери воопшто не размислуваше и му покажа директен црвен картон.
Тренерот на Наполи беше одвлечен од колегите за да не направи поголем инцидент, па во продолжение гледаше од трибините и дочека гол на Наполи за 2:2 и реми на големото дерби.






