Јанис Адетокумбо имаше ново импресивно издание во НБА лигата, но неговите извонредни индивидуални перформанси овојпат беа недоволни за победа против Денвер.
Никола Јокиќ продолжува со рехабилитацијата и не одигра уште еден натпревар, но беше голема поддршка за соиграчите од првиот ред на трибината и гледаше како неговите пријатели остваруваат победа над Бакси.
Во отсуство на Србинот, клучните поени во завршницата постигна Арон Гордон, па реализацијата на слободните фрлања му пресуди на Милвоки кој на крајот загуби со 108:104.
Гордон го заврши мечот со 23 поени, Ватсон уфрли 19, додека најефикасен во Денвер беше Хардавеј со 25 поени. Јанис го заврши мечот со 31 поен зад своето име, а придодаде уште и со 8 скокови и 11 асистенции.
Рано утрово својот натпревар го одигра и Голден Стејт, а „воините“ продолжија со своите топло-ладно партии и на дуел на кој беа големи фаворити.
Атланта направи изненадување и славеше со 111:124, и тоа на натпревар на кој расположени беа двете ѕвезди на домашниот тим. Стеф Кари уфрли 31 поен во поразот на својот тим, додека Батлер постигна еден помалку.






