Ристовски откако доби поддршка од екс тренерот во Динамо: Извршниот одбор на апарати

Дерби

12/01/2026

10:46

216

Големина на фонт

а а а

Динамо остана без титулата во домашното првенство за првпат по 2017-та година, а таквиот расплет на настаните предизвика бура во Загреб и големи промени во тимот, но и дел од раководството.

Хрватскиот великан реши да направи голем рез по сезоната која беше оценета како целосно неуспешна, а прв на удар се најде таканаречената „пушачка соба“ од која дел беше и Стефан Ристовски.

Ветераните во соблекувалната добија неблагодарен епитет во јавноста и дел од оваа група беа уште Аријан Адеми, Бруно Петковиќ, Јосип Мишиќ и уште неколку поискусни фудбалери, но сега човекот кој ја заврши сезоната како тренер на Динамо изјави дека „пушачката соба“ не била проблем за него.

Сандро Перковиќ во последното поткаст гостување во Хрватска нагласи дека имал најдобра можна соработка со Ристовски, Адеми, Петковиќ и Мишиќ, а воедно апострофира дека секогаш наидувал на помош од нив во тешките моменти.

– Соработката со Петковиќ, Адеми, Мишиќ, Ристовски и останатите беше најдобра што може. Тие беа оние кои беа од голема помош, никогаш не сум имал проблем со нив. Мое мислење е дека „пушачката соба“ не беше проблем, туку решение за Динамо, – порача Перковиќ, а оваа негова изјава беше споделена од Стефан Ристовски на социјалните мрежи.

– (Стариот) извршен одбор на апарати!, – порача Ристовски, алудирајќи на променетиот изглед на извршниот одбор на Динамо, во кој се уште има луѓе од минатото.