Нервозниот Мбапе ги натера соиграчите да не режираат шпалир во чест на шампионот Барселона

Дерби

12/01/2026

10:44

210

Големина на фонт

а а а

Килијан Мбапе беше неизесен за настап до самиот крај, па иако смогна сили во обид да им помогне на соиграчите, реалноста е дека Французинот не успеа да се состави со топка во Суперкуп финалето во Џеда.

Најдобриот голгетер на Реал не успеа да направи разлика во моментите кога неговиот тим бркаше негатива од 3:2, па новиот пораз од Барселона во директните пресметки му падна потешко од претходните.

Барселона одново го победи Реал на саудиско тло и ја освои првата титула во новата сезона, а Мбапе испадна играчот кој беше убедливо најнервозен на церемонијата.

Играчите на Барселона приредија шпалира за вицешампионите и им честитаа на колегите за претставата, но Мбапе побара од своите соиграчи да не го прават тоа и на крај не видовме шпалир за шампионот.

Откако го доби медалот, Мбапе повика со себе неколку соиграчи во соблекувалната, па тој на крајот не го гледаше ниту доделениот трофеј за каталонците.