Вилја нема дилеми кој е најдобар на светот: Сè уште велам…

Дерби

12/01/2026

10:42

173

Големина на фонт

а а а

Давид Вилја е големо шпанско име, ас кој во еден период беше меѓу најдобрите напаѓачи на светот.

Офанзивецот постепено ја градеше кариерата, во редовите на Сарагоса ги имаше првите впечатливи партии кои потоа му донесоа трансфер во Валенсија од каде се пресели во Барселона што беше круна на неговото фудбалско патување затоа што тука ги освои сите титули.

Овде имаше можност да соработува со супер квалитетни играчи меѓу кои и Лионел Меси. Вилја одблиску можеше да ужива во квалитетите на Аргентинецот, да види за што е спосебен и според Шпанецот тој е најдобриот фудбалер на сите времиња.

Воедно тој смета дека и денеска Лео е број еден без разлика што игра во Интер Мајами.

- Без никаков сомнеж. Далеку пред сите. Сè уште велам дека додека не се пензионира, Меси ќе продолжи да биде најдобриот играч во светот, - порачува напаѓачот кој го издвои Лео како најдобриот играч со кого играл и против кого играл.