Лејвер: Никогаш не го отпишувајте Ѓоковиќ…

Дерби

12/01/2026

10:40

135

Големина на фонт

а а а

Пред нас е првото големо тениско возбудувања во 2026 година, а тоа е грен слемот во Мелбурн, настан на кој главни фаворити за трофејот ќе бидат Јаник Синер и Карлос Алкарас.

Меѓутоа Австралија Опен е специфичен турнир, турнир на кој секогаш има изненадувања и победува оној што најдобро ќе се снајде во тешките временски услови и топлото време.

Род Лејвер како икона на тенисот во Австралија и човек кој своевремено беше број еден на светот, имаше можност да даде прогноза, па освен што ги спомена Синер и Алкарас тој не заборави на Новак Ѓоковиќ, асот што со години доминираше на овие терени.

- Исклучително е тешко да се предвиди, што е одлична работа за тенисот. Многу играчи би можеле да ја освојат титулата. Секако, Синер и Алкараз се на врвот на таа листа, нивното ривалство се интензивира..

- Синер продолжува да ја подобрува својата игра и е двократен шампион и бранител на титулата, но ако стане премногу жешко, би рекол дека Карлос има предност. Мислам дека неговата желба за победа ќе биде поголема од кога било. И никогаш не би го отпишал Новак Ѓоковиќ, кој ги сака условите во Австралија, - порача Лејвер.