Муцунски на состанок: Повеќе од 30 министри бараат решение за Ормускиот теснец

Макфакс

02/04/2026

21:03

155

Големина на фонт

а а а

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево, на покана на британскиот министер за надворешни работи Ивет Купер, учествуваше на виртуелен состанок со повеќе од 30 министри за надворешни работи од Европа и светот.

Состанокот беше посветен на координација на меѓународните напори за обезбедување на слободата на навигација и повторно отворање на клучниот поморски коридор во Ормуски теснец.

Во фокусот на разговорите беа зголемените безбедносни ризици во регионот, како и нарушувањата на глобалните енергетски и трговски текови, кои произлегуваат од актуелната состојба во теснецот.