[ФОТО] Бруно Марс најави светска турнеја, на листата на концерти вклучени и неколку европски метрополи

Точка

10/01/2026

12:45

877

Големина на фонт

а а а

Американската поп-ѕвезда Бруно Марс вчера ја најави својата светска турнеја, во рамки на која се вклучени и неколку европски градови.

Имено, 16-кратниот добитник на „Греми“ наградата ја најави турнејата „The Romantic Tour“ за 2026 година. Сите концерти ќе ги отвори Андерсон Пак, кој ќе настапува како „DJ Pee.Wee“, а на одредени настапи на Марс ќе му се придружат и гости како Викторија Моне, Реј и Леон Томас.


Во рамки на промоцијата на претстојниот албум „The Romantic“, кој излегува на 27 февруари, турнејата претставува прва голема низа глобални концерти на Марс во последните 10 години, а воедно и негова прва турнеја на светските стадиони.

Турнејата започнува на 10 април во Лас Вегас, по што прво ќе ги посети градовите како Хјустон, Атланта, Нешвил, Детроит, Чикаго и Торонто. Потоа, во јуни, започнува европскиот дел од турнејата. Првите настапи ќе бидат во Париз, на 20 и 21 јуни, по што следуваат концерти во Берлин, Амстердам, Мадрид, Милано и Лондон.

Турнејата ќе заврши со концерти во Соединетите Американски Држави и Канада.


Влезниците ќе бидат достапни преку претпродажба од 14 јануари, а фановите можат да се пријават на официјалната веб-страница на Бруно Марс најдоцна до 12 јануари. Општата продажба започнува на 15 јануари.

Во пресрет на излегувањето на новиот албум и турнејата на Марс, тој е номиниран во три категории на претстојното доделување на Греми наградите: за албум на годината, песна на годината и најдобра поп-изведба на дуо/група за „APT.“ во соработка со Роуз.