Пејачката Ивона Јовановиќ, позната како Ивона Јо, ја изненади јавноста и своите следбеници со објавата дека се верила.
Таа објави видео на кое го покажува свршеничкиот прстен и се држи за раце, танцува и се прегрнува со својот иден сопруг, Кико Тодоров.
„Најлесното ДА“, напиша Ивона и стави емотикон од дијамантски прстен, а сподели и фотографија направена при запросувањето на која во позадина се гледа знак „Омажи се за мене“.


Во коментари под објавата, многу нејзини пријатели, личности од естрадата и фанови ѝ честитаа на убавата вест и им посакаа многу среќа и љубов во заедничкиот живот.






