[ВИДЕО] Вирална снимка од „напад“ на продавница: Педесетина овци влегле во супермаркет и си „обезбедиле“ храна за цела година

Точка

09/01/2026

17:01

1.082

Големина на фонт

а а а

Педесетина овци втрчале во еден баварски супермаркет „Penny“ во потрага по ужина, откако се одвоиле од своето стадо.

Овците биле снимени во понеделник како јуришаат во локална продавница во јужната германска покраина Баварија, а откако се протнале покрај збунетите купувачи, се задржале во просторот кај касите околу 20 минути.

Снимките од овој невообичаен настан го прикажуваат моментот кога животните влетуваат во маркетот, додека на друг клип се гледа како на крајот сами ја напуштаат продавницата.

Некои вработени, како што пренесе британскиот „Телеграф“, биле прилично вознемирени од оваа наезда и безуспешно се обидувале да ги избркаат овците, удирајќи по касите.

„Направија целосен хаос“, соопшти германскиот јавен сервис „ZDF“ во својот извештај, шегувајќи се дека слоганот на супермаркетот „Прво во Penny“ овците го сфатиле буквално.

Според наводите на германските медиуми, овците залутале во супермаркетот откако се одвоиле од остатокот од стадото. Нивниот овчар верува дека ја помешале кесата за купување со вреќата за сточна храна и потоа јурнале во продавницата во потрага по уште храна.

Откако овците им обезбедиле огромна бесплатна реклама, ланецот супермаркети „Penny“ во меѓувреме соопштил дека на овците ќе им обезбеди бесплатна храна за цела година.