Милан оствари доста добри резултати од стартот на сезоната, но кога се во прашање дуелите против тимовите од долниот дел од табелата, „росонерите“ често имаат проблем кога играат на домашен терен.
Доказ за тоа беше и вчерашниот натпревар со Џенова, на кој тимот на Алегри најпрво се спасуваше од пораз, а на крајот имаше огромна среќа Џенова да не реализира пенал за победа длабоко во судиското продолжение.
Станчиу беше трагичар и не реализираше најстрога казна во 99-та минута, па тоа му дозволи на Милан да освои барем бод и да не остане со празни раце.
– Во фудбалот добивата она што ќе ви го даде резултатот. Мора да ги извлече позитивните работи од овој меч, иако противникот успеа да ги затвори приходите кон голот. Се најдовме во доста поволни ситуации за гол, но не успеавме да реализираме доволно.
– Работата на која мора да се подобриме е играта против тимови со ниски блокови. Имаме проблем со трпението и со оставање простор за контра, а во такви ситауции ризикувате да го загубите мечот.
– Тоа е лекција за зрелост која мора да ја научиме ако сакаме да ја постигнеме нашата цел, а тоа е да завршиме во топ четири во Серија А. Мора да се подобриме во тој поглед, кога играте со брзање, на крајот не добивате ништо, – изјави Макс.







