Играч на Ливерпул заработи тешка повреда, Мартинели шокираше со својата реакција: Идиотски и срамен потег

Дерби

09/01/2026

11:15

230

Големина на фонт

а а а

Дербито меѓу Арсенал и Ливерпул не донесе победник и заслужено заврши со конечни 0:0, но во финишот од мечот, за жал видовме една непријатна ситуација која најверојатно ќе го остави Конор Бредли без фудбал подолг временски интервал.

Дефанзивецот на Ливерпул си нанесе штета на коленото и заработи потешка повреда, а додека тој се превиткуваше од болка, Габриел Мартинели режираше потег кој ги разгневи сите играчи на противничкиот тим.

Бразилскиот фудбалер сметаше дека противникот симулира и се обидуваше да го оттурне од теренот со цел да продолжи играта, реакција која предизвика мешаница на теренот, но му донесе и крајно негативен публицитет во јавноста.

Гери Невил не штедеше критики за Мартинели и го нарече класичен идио, а притоа додаде дека останал изненаден од фактот што не бил удрен од играчите на Ливерпул.

– Не може да туркате играч кој се наоѓа во болки, едноставно не можете да го направите тоа. Ова што го видовме е крајно идиотски и толку ниско. Изненаден сум од тоа што некој од играчите на Ливерпул не му зададе удар. Навистина сум бесен на Мартинели, не знам како играчите на Ливерпул се воздржаа да не добијат црвен картон, – изјави Гери Невил.

Видеото погледнете го ТУКА.