Вчера во 13:30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода 41-годишниот Б.У. од село Оризаре, липковско.
При преглед во неговиот продажен објект биле пронајдени 1233 парчиња пиротехнички средства.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.








