[ВИДЕО] „Зградите танцуваат за време на земјотресот“: над десет лица повредени во Мексико

Макфакс

02/01/2026

20:38

198

Големина на фонт

а а а

Градоначалничката на Мексико Сити, Клара Бругада Молина, денес објави дека 12 лица се повредени во силниот земјотрес што беше регистриран во тој град порано денес.

Бругада Молина изјави на мрежата Икс дека „откако беше активиран протоколот за одговор на земјотрес“, беше пријавено дека во мексиканскиот главен град паднале пет столбови и четири дрвја.

„Добивме 18 пријави за прекини на електричната енергија во различни населби. Две структури се проценуваат за ризик од уривање, а како превентивна мерка се проверуваат 34 згради и пет куќи“, рече Бругада Молина.

Мексиканската национална сеизмолошка служба претходно денес објави дека е регистриран земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во јужната држава Гереро, на брегот на Тихиот Океан.

Видео од згради што се тресат за време на земјотресот се појавија на социјалните мрежи.

„Погледнете го овој облакодер во Мексико Сити како прави луд танц повеќе од 20 секунди за време на денешниот земјотрес“, се вели во објавата.

Земјотресите беа почувствувани и во мексиканските федерални држави Морелос, Халиско, Оахака, Табаско и Колима.