Среќна Нова година: Ова место веќе ја дочека 2026 година

Точка

31/12/2025

11:43

530

Големина на фонт

а а а

Додека многумина ширум светот трпеливо ги одбројуваат часовите до полноќ, еден атол во Кирибати веќе ја дочекал 2026 година.

Атол Киритимати (GMT+14), познат и како Божиќен Остров, важи за првото место во светот што ја дочекува Новата година.

Брајант Дан, претприемач од САД специјализиран за муварење (fly fishing), на островот ја слави Новата година со својата партнерка Ваата Бинока Рандолф, која е родена и израсната на Киритимати.

„Новата 2026 година ќе ја прославиме на плажа без сателит, без траги од човечки живот, во целосна темнина, окружени со безброј ракови“, изјавил Брајант за Би-би-си. „Многу сме среќни што ќе славиме во мир, бидејќи сакаме токму мирот да биде темата на 2026 година“, додал тој.


Во следните неколку часа Брајант ќе учествува и во заедничкиот дочек, каде што помала група локални жители ќе се собере за да го набљудува првото изгрејсонце во новата година. „Ќе стоиме на плажата, учествувајќи во прослава што внесува надеж додека новата година доаѓа кон нас“, истакнал Брајант, пренесе Би-би-си.

Атолот Киритимати, официјално ја дочекал 2026 година, станувајќи првото место во светот што зачекорило во новата година. Останатите делови од пацифичката држава Кирибати ќе ја дочекаат Новата година во текот на следните неколку часа.