[ФОТО] 10 години Евротип и година полна со успеси одбележани на предновогодишната забава на КС Групацијата

Точка

31/12/2025

10:34

569

Големина на фонт

а а а

Со традиционалната предновогодишна забава, КС Групацијата ги сумираше резултатите од една динамична и успешна година, во која беа реализирани значајни проекти, општествено одговорни активности и важни инвестиции.

Настанот беше во знакот на големиот јубилеј – 10 години постоење на Евротип спортските обложувалници.

Во рамки на вечерта беа истакнати достигнувањата на сите компании во состав на групацијата: Евротип, Голд Слот, Голд Фелициа Битола, Голд Фелициа Тетово, Агроброд, Премиум Сејфти Солушн, 77 Софт и 77 Ентертејнмент, кои во изминатата година реализираа бројни активности и настани низ целата држава.


КС Групацијата и понатаму ја потврдува својата општествена одговорност, со вложени над 450.000 евра во образование, спорт, култура и здравство. Само во изминатиот период, групацијата беше дел од и поддржувач на настани како Струмичкиот карневал, Пивофест Прилеп, Трчај бе – Битола, Че трчаме – Прилеп, Gratche Trail Run – Кочани, Car Show – Битола, Night Car Show – Охрид и Street Food Festival – Прилеп, како и низа други локални и регионални манифестации.

Посебно внимание беше посветено и на хуманитарните активности, меѓу кои 16 крводарителски акции и 6 хуманитарни базари, како и на континуираната стипендиска програма за средношколци и студенти, од која еден стипендист веќе е дел од редовно вработените во компанијата.


Годината беше заокружена со отворањето на Голд Фелициа Тетово, модерен комплекс со ресторан „Дајмонд“, хотел, спа и базен, како и казино со жива игра, слот апарати од најнова генерација и покер cash game, создаден како нова дестинација за забава и одмор.

Централен момент на вечерта беше одбележувањето на 10 години Евротип – деценија исполнета со раст, доверба и стабилно присуство на пазарот, како и признанија за вработени кои повеќе од една декада се дел од компанијата.


Со повеќе од 1.000 вработени и јасна развојна стратегија, КС Групацијата најавува нови проекти и активности и во 2026 година, продолжувајќи да работи под мотото:

„Заедно правиме разлика, заедно креираме иднина.“