Оригинален рецепт за поларни услови: Хрватски голман режираше хит со начинот на кој се загреваше на -10 степени

Дерби

29/12/2025

11:54

385

Големина на фонт

а а а

Одредени првенства во Европа во месец декември се играат во поларни услови, а такво нешто сега ни пристигна и од Турција, односно од натпреварот меѓу Ерзурумспор и Корум.

Натпреварот кој се играше на заледен терен и во поларни услови беше на раб на прекин, но сепак судиите оценија дека има доволно причини да се одигра и тоа предизвика да видиме сцена која ретко се гледа на фудбалските терени.

Во услови на поларен студ, најтешка задача за загревање имаат голманите кои не трчаат на теренот, па тоа очигледно го натера Матија Орбаниќ да бара асистенција, односно „помош од пријател“.

За време на малата пауза која настанала на теренот, Хрватот Матија Орбаниќ бил уловен како пие чај зад голот, а оваа сцена брзо стана вирален хит во Турција, но и останатиот дел од светот.

И покрај исклучително тешките услови за игра, на натпреварот паднал еден гол, а тоа бил во противничката мрежа, онаа на Корум (1:0).