Ромеро може да добие пожестока казна за црвениот картон на дуелот со Ливерпул

Дерби

26/12/2025

13:54

122

Големина на фонт

а а а

Кристијан Ромеро ќе го пропушти дуелот на Тотенхем со Кристал Палас, но соочувањето со градскиот ривал веројатно нема да биде единствен натпревар на кој ќе биде суспендиран.

Дефанзивецот заработи втор жолт и автоматски црвен картон во финишот на средбата со Ливерпул, но ФА отворила дополнителна истрага, што подразбира дека може да добие и посериозна суспензија.

Автоматската суспензија на еден натпревар може да биде надградена со посериозна казна, а причина е начинот на кој Аргентинецот се однесувал по добивањето на црвениот картон и навредите кои му ги упатил на главниот судија Џон Брукс.

По неделниот дуел со Палас, Тотенхем му гостува на Брентфорд на првиот ден од новата година, па три дена подоцна го пречекува Сандерленд, натпревари на кои менаџерот Томас Франк можеби повторно нема да може да смета на Ромеро.

Чави Симонс исто така доби црвен картон на дуелот со Ливерпул, па и тој дефинитивно нема да биде во комбинација за соочувањето со Палас.