Компанијата dm ја зајакнува поддршката на заедницата: Донации и иницијативи од речиси 7,9 милиони денари во деловната 2024/25 година

Точка

26/12/2025

12:18

125

Големина на фонт

а а а

Компанијата dm дрогерие маркт продолжува да ја развива својата стратегија за поддршка на заедницата, темелена на долгорочна посветеност, редовни донации и општествено одговорни проекти ширум земјата. Во текот на деловната 2024/25 година*, преку различни проекти и активности, dm обезбеди донации во вкупна сума од речиси 7,9 милиони денари.

„Активностите што ги спроведовме во текот на оваа година, од донации во институции, преку проекти посветени на екологијата и заштитата на животните, до поддршката на локалната заедница, ja покажуваат нашата посветеност да делуваме таму каде што поддршката е најпотребна. Општествената одговорност е еден од темелите на нашето работење и затоа континуирано вложуваме во иницијативи кои го подобруваат квалитетот на животот на луѓето во заедницата.“, истакна Весна Стојановиќ, директорка на dm Србија и Северна Македонија.

Одржливи идеи и екологија

Преку конкурсот {ЗАЕДНО} за зелени идеи, dm оваа година поддржа три значајни еко-проекти, со вкупна вредност од над 1 милион денари, насочени кон заштита на животната средина. Избраните проекти вклучуваат реставрација на речни острови по должина на реката Вардар, што ќе помогне во обновата на живеалиштето на одредени видови птици и акции за чистење на отпад на неколку локации во земјата, вклучувајќи и собирање на отпад од Охридското езеро. Повеќе информации за избраните проекти може да прочитате тука!

Голем јубилеј на 100 000 засадени дрвја како дел од проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“

Со засадување на 35 000 садници, dm реализираше уште едно масовно пошумување во околината на Велес, со што достигна завиден број на 100 000 засадени дрвја во три години од стартот на еко-проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“.

За овогодишната реализација на проектот компанијата инвестираше повеќе од 1,3 милиони денари во форма на донации за набавка на садници и техничка опрема, а самиот проект се реализираше во неколку етапи: урбано пошумување во „Рајски парк“ во Скопје – о. Аеродром, раззеленување на дворовите на ОУ „Славејко Арсов“ и детската градинка „Сончогледи“ во Штип и масовно пошумување. Оваа година, проектот влезе во својата четврта сезона, со што достигната е големата бројка на 150 000 засадени дрвја!

Никогаш повеќе сама: гласот што ја разбива тишината за менструалната правда во нашата земја

Проектот „Никогаш повеќе сама“ започна во октомври 2024 година и до сега опфати поставување на повеќе од 200 диспанзери со хигиенски влошки поставени на сите државни факултети низ земјата. Во првата година беа донирани над 230 000 Jessa влошки, а во новата студентска година dm продолжува со поддршка - во септември 2025 година веќе е доставена нова количина од речиси 120 000 бесплатни Jessa влошки до сите државни универзитети, а до почетокот на 2026 се проектира донација од вкупно 260 000 поединечни влошки. Со ова, вкупната вредност на донацијата досега изнесува повеќе од 2,3 милиони денари.


Една од најзначајните хуманитарни иницијативи – Giving Friday

Една од најзначајните иницијативи во текот на годината е Giving Friday, акција со која dm години наназад по ред го менува значењето на „Black Friday“, претворајќи го денот на најголема потрошувачка во ден на хуманост. Благодарение на купувачите, минатиот Giving Friday беа донирани 451 284 денари за набавка на пакети со храна за социјално загрозени сограѓани, кои беа дистрибуирани преку хуманитарната организација „Свети Спас“. Од 2019 година до денес, dm преку оваа иницијатива донираше повеќе од 2,3 милиони денари.


Континуирана грижа за животните

И оваа година, традиционално, dm го одбележа Светскиот ден на животните со вредна донација. Овој пат, тие донираа живеалишта за миленици на четири локални прифатилишта за кучиња во земјата, во износ од над 600 000 денари.

Донации по повод отворање и реотворање на продавници

При секое отворање и реотворање на dm продавници, компанијата реализира донации насочени кон локални здруженија и институции. На тој начин, секоја нова и реновирана dm продавница станува и можност за помош на заедницата. За оваа цел, во текот на деловната 2024/25 година донирани се повеќе од 660 000 денари.

Општествената одговорност како секојдневна практика

Општествено одговорното работење претставува важен показател за тоа колку хуманоста може да има влијание врз заедницата, а dm тоа го докажа со признанието за посебни достигнувања во категоријата „Општествена одговорност“ на настанот Ability Awards – свеченост организирана по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост.


dm активно ги следи и локалните потреби и адекватно одговара на истите. По доживеаната трагедија во Кочани, во соработка со Психолошкиот центар „Алтернатива“ dm со финансиска помош обезбеди спроведување на циклус психо-едукативни работилници, токму во овој град. Преку нив, жителите на Кочани добија неопходна поддршка во справувањето со последиците од траумата.

Покрај ова, dm ја поддржа организацијата на женската лидерска конференција ,,Јас сум жена“, а обезбеди и подароци за сите присутни. Поддршка во форма на подароци, добија и сите учесници на Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ.

Неколку работи се заеднички за сите dm активности – солидарноста, грижата и вредностите кои се живеат преку конкретни дела. Па така, општествената одговорност не е повремен гест, туку дел од културата на компанијата која верува дека промените се градат од ден на ден, заедно со заедницата, институциите и поединците што ја делат истата вредност — човекот секогаш е на прво место.

*Податоците се однесуваат за период од 1 октомври 2024 година до 30 септември 2025 година.