Петрушевски: ЕСМ било третирано како партиски плен на СДС и ДУИ, затоа ќерката на Талат Џафери била дел од надзорниот одбор

Макфакс

23/12/2025

12:38

165

Големина на фонт

а а а

ЕСМ Снабдување со топлина, било третирано како партиски плен на СДС и ДУИ, затоа ќерката на Талат Џафери била дел од Надзорниот одбор, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Истиот оној Талат Џафери, кој СДС и ДУИ со две раце го гласаа, за да стане незаконски претседател на Собрание и неговата ќерка да биде изгласана да биде дел од Надзорниот одбор на ЕСМ.

Затоа на СДС и ДУИ не им се допаѓа темата, затоа што во секоја пора од општеството цветаше корупција и криминал.

Затоа СДС и ДУИ молчат и не се оградуваат од местените тендери вредни 8 милиони евра во ЕСМ Снабдување со топлина и испраните 2 милиони евра кој завршиле во нечив џеб“.

Петрушевски прашува каде завршиле овие 2 милиони евра, дали кај структури блиски до врвот на СДС или во ДУИ? Дали лица од тогашниот врв на СДС и ДУИ имаат вмешано прсти во случајот?

Јавноста, додава тој, заслужува одговори и заслужува да види како СДС и ДУИ раководеа со државните институции.

„ЈО треба да постапи транспарентно, независно и одговорно. Правда мора да има“.