Наполи успеа да го освои Супер Купот на Италија и тоа откако во финалето ја соби Болоња со 2-0.
Наполитанците забележаа две чисти победи на турнирот во Саудиска Арабија, две победи без примен гол (претходно го совладаа Милан со 2-0) што секако е одличен начин да се дојде до пехарот во оваа конкуренција.
- Момците заслужуваат честитки за беспрекорниот турнир, и против Милан и против Болоња. Тие покажаа колку го посакуваат овој трофеј за навивачите, а сега ќе имаме и одлична божиќна прослава со нов трофеј во кабинетот. Доаѓаме од Скудето и Суперкуп на Италија, победувајќи многу силни тимови како Интер, Милан и Болоња, - истакна тренерот Антонио Конте кој запрашан за тоа дали почнува доминација на Наполи и дали се водечкиот клуб во Италија, тој порача:
- Не, воопшто не би се чувствувал исправно да го кажам тоа. Би лажел ако го кажам тоа. Ја освоивме титулата минатата сезона со многу намален состав, доведовме многу нови играчи ова лето и затоа воопшто не сме подготвени да бидеме на командна позиција.
- Всушност, ако ја погледнете табелата во Серија А, мора да се обидеме да останеме блиску до зоната во Лигата на шампионите колку што е можно подолго, бидејќи ова ќе биде многу тешка година. Предвидувањето на првите четири ќе биде исклучително тешко. Со понизност, мора да сфатиме дека работата е единствениот начин да се искачиме на ранг-листата. Не можам да кажам дека сме подготвени да командуваме, бидејќи не сме ни блиску до тоа да бидеме подготвени, - порача стратегот.







