Барселона врза три натпревари без примен гол во својата мрежа што е одлична вест за тимот предводен од Ханси Флик кој во тековнава сезона има доста проблеми во дефанзивата, одбранбената линија.
При последниот триумф на каталонците против Вилјареал (2-0) одличен на голот на шпанскиот шампион беше Жоан Гарсија кој имаше неколку квалитетни интервенции.
Со некои од нив ги импресионираше и соиграчите, а потврда за тоа се нивните реакции на клупата. Торес, Гарсија, Лопез не можеа да поверуваат, Тер Штеген даде аплауз, а Шчесни „запали“ на крај, се насмеа и исто го поздрави колегата поради добро завршената работа.
La réaction du banc sur la parade de Joan Garcia
— Barça News (@BarcaNewsFRA) December 21, 2025
pic.twitter.com/pGhvGffxhe







