[ВИДЕО] Нова голема победа за Атаман: Панатинаикос го сруши и лидерот во Евролигата

Дерби

22/12/2025

08:00

298

Големина на фонт

а а а

Екипата на Панатинаикос предводена од Ергин Атаман забележа уште една голема победа во Евролигата и тоа во краток временски период.

Во вторникот клубот од Атина славеше над европскиот првак Фенербахче во Истанбул, додека пак вечерва му зема мерка на лидерот на табелата Хапоел Тел Авив. Грчкиот тим славеше со 93:82 и со тоа испрати јасна порака дека се враќа во форма и дека ќе го нападне врвот во продолжението на кампањата.

Нан со 19 и Османс со 17 поени беа први стрелци, плејмејкерот со македонски пасош Шортс пак уфрли 6 кошеви со 2 асистенции. На спротивната страна листата ја предводеше Енис со 16 кошеви.