Чаби: Барам само едно од новата 2026. година

Дерби

21/12/2025

13:25

161

Големина на фонт

а а а

Тимот на Чаби Алонсо уште еднаш не ги задоволи апетитите на фановите на Реал Мадрид, па иако „кралевите“ победија против Севилја со 2:0, во добар дел од натпреварот имаше свирежи од трибините.

Реал врза трета победа во низа и Алонсо си „купи време“ во обидот да го стабилизира тимот, но и самиот е свесен дека актуелното ниво не е доволно добро за очекувањата кои се имаат во клубот.

– Сега ќе имаме малку повеќе време за анализа и извлекување заклучоци. Моравме да победиме за крај на годината и го направивме тоа. Не беше лесно, но најважно беше да ги освоиме трите бода. Знаеме дека можеме да бидеме многу подобри, но во овој момент најважна е победата.

– Нема да извлекувам дефиниции за нашата игра во овој момент. Знаеме во каков момент се наоѓаме и знаеме дека мора да бидеме самокритични. Знаеме дека не сме на потребното ниво, но ќе работиме и ќе бидеме подобри. Прифаќам конструктивна критика и само така ќе одиме напред.

– Што барам од новата 2026-та година? Барам само едно, да ни се вратат играчите кои се повредени. Не сум човек кој има големи барања, подготвен сум за она што следи како големи предизвици во Новата година, – изјави Алонсо.