Некогашниот репрезентативец на Уругвај, Даниел Фонсека Гарис има идеално засилување за Јувентус за 2026 година.
Фонсека четири години од својата играчка кариера мина во Торино и му значи овој клуб, па според него фокусот треба да биде ангажман на нов напаѓач, а како предлог го даде Роберт Левандовски кој ќе биде слободен играч по крајот на тековнава кампања.
-Сè уште би го поддржал Локатели. Тој е капитен и има квалитет. Наместо тоа, би барал опции за напад во иднина. Влаховиќ е повреден, а неговиот договор истекува.
-Да бев Јувентус, би размислувал за Левандовски како слободен трансфер. Може да биде засилување од типот на Модриќ. Лева е апсолутно врвен играч во изминатата деценија, а инстинктот за голови кај напаѓачот не исчезнува, дури ни на 37 или 38 години, -порача Фонсека.





