Рубио: Односите меѓу САД и Европа во опасност ако се изгубат заедничките вредности

Нетпрес

20/12/2025

10:51

271

Големина на фонт

а а а

Американскиот државниот секрет Марко Рубио во петокот предупреди дека Европа, мислејќи конкретно на Европската унија, би можела да ги изгуби вредностите што ги споделува со Соединетите држави

Американскиот државниот секрет Марко Рубио во петокот предупреди дека Европа, мислејќи конкретно на Европската унија, би можела да ги изгуби вредностите што ги споделува со Соединетите држави, одговарајќи на прашање за новата стратегија за национална безбедност на САД во која Вашингтон, изрази прекори за губењето на демократијата и слободата на говорот во Европа.

Односот со Европа се темели на „фактот дека споделуваме заедничка култура, цивилизација, заедничко искуство, вредности и принципи за работи како што се човековите права, слободата, независноста и демократијата“, рече Рубио на прес-конференција.

„Ако сето тоа се распадне, бидејќи од која и да причина престане да биде приоритет, мислам дека тоа го оптоварува и го загрозува нашиот сојуз на долг рок и во поширока смисла. Во тој случај имате само чист договор за одбрана. Тоа е сè што имате“, рече шефот на американската дипломатија.

Во својата нова стратегија за национална безбедност, администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја оцени политичката клима во Европската унија како закана за интересите на САД, критикувајќи ги наводните демократски дефицити и ограничувањата на слободата на изразување.