Готвачот Марк де Јонг, кого јавноста го запозна како еден од главните готвачи во шоуто „Брза кујна“, неодамна гостувал во поткастот на Давид Давидовски.
За време на гостувањето, шеф Марк добил едно неочекувано прашање на кое дал уште понеочекуван одговор – дали пробал дрога во животот?
„Да. Сè што има на пазарот го имам пробано. Ама воопшто не ми се допаѓаше“, изјави тој.
Готвачот потоа искрено продолжил дека пробал и хероин, но никогаш не употребувал дрога. „Имав пријатели, имав прилика да го пробам и навистина не ме интересираше“, бил искрен Марк.
За потсетување, Марк ја освои публиката како еден од готвачите на „Брза кујна“, а денес има свое патувачко кулинарско шоу наречено „Авантурите на Марк“.

Тој по потекло е од Белгија, но има македонски корени, а по аманет на својата баба која го замолила барем еднаш да дојде и да ја види земјата од каде што потекнува неговата мајка, решил да се пресели тука и да започне нов живот.
Познатиот готвач е во брак со Македонката Василка Димовска, со која се венчаше во 2021 година. Парот има две деца кои не живеат во Македонија.




