Тотенхем го ставил на трансфер листата најдобриот стрелец од минатата сезона

Дерби

19/12/2025

11:27

211

Големина на фонт

а а а

Триумфот во Лига Европа конечно го прекина долгиот пост без освоен трофеј на Тотенхем, но фудбалерот чиј гол беше решавачки во финалето со Манчестер Јунајтед, веќе не е во прв план во лондонскиот клуб.

Бренан Џонсон би можел да го напушти Тотенхем уште во јануари, бидејќи менаџерот Томас Франк не го смета за играч без кој не може да се продолжи наредниот период, па клубот ќе се обиде да профитира од неговата продажба.

Велшкиот репрезентативец минатата сезона беше најдобар стрелец на екипата во Премиер лигата со 11 постигнати голови, а фановите никогаш нема да го заборават и погодокот кој го постигна во големото европско финале, носејќи го толку посакуваниот трофеј, па и пласман во Лигата на шампионите.

Менаџерската смена и доаѓањето на Франк го промени статусот на Џонсон, кој одамна не е во прв план во тимот, а во моментов најзагреан да го доведе Велшанецот е Кристал Палас.

Тотенхем плати нецели 48 милиони фунти за Џонсон, па останува да се види колку ќе може да заработи од трансферот, а самиот фудбалер веројатно исто така посакува промена во пресрет на вториот дел од сезоната и потенцијалниот настап на СП со својата репрезентација.