Еден од најдобрите играчи во историјата на Премиер лигата, Тјери Анри издвои две имиња кои му оставиле најсилен впечаток во досегашниот дел на оваа сезона во најсилната англиска фудбалска конкуренција.
Анри остави неизбришлива трага во дресот на Арсенал, а како човек кој и до ден денеска внимателно ги прати сите случувања, актуелности во Премиер лигата тој се реши да посочи двајца кои најмногу го импресионирале-тренер и играч.
-Морам да му оддам голема заслуга на Унаи Емери бидејќи, ајде, никој не го предвиде ова. Резултатите што ги добиваше Вила, изгледаа изгубени. Изгледаа како да нема да бидат во тоа. Гледавме како, дали ова ќе биде крајот? Но, вау, мора да му оддадете заслуга на Емери. Тој секогаш наоѓа начин.
-За три месеци, можеби ќе кажеме дека повторно тргнаа наопаку. Но, во овој конкретен момент, начинот на кој ги врати сите заедно, тој остана фокусиран и работеше навистина напорно. Импресиониран сум од начинот на кој останаа обединети, бидејќи не можев ова да го замислам, -истакна Анри и додаде:
-Ќе се одлучам за Уго Екитике, бидејќи на почетокот мораше да докаже дека може да биде во Ливерпул и го стори тоа. Сега клубот се мачи, а тој сè уште испорачува. Ме изненади. Знаев дека го има тоа во шкафчето, но не знаев дека ќе биде толку брзо во однос на тоа како се адаптира. Секако, полесно е да се адаптираш кога тимот е во одлична форма. Но, тој се адаптираше, потоа отиде на клупата, не рече ништо, се врати и сè уште постигнува голови, па мора да го ставиш таму, -заклучи Тити.







