Мбапе режираше симпатична сцена со собирачот на топки по последниот судиски свиреж

Дерби

18/12/2025

12:30

516

Големина на фонт

а а а

Килијан Мбапе прави разлика и на натпревари на кои се претпоставува дека ќе добие одмор, но всушност тој беше клучен фактор за избегнување на нови непријатни моменти за Чаби Алонсо.

Мбапе постигна два погодоци и заврши голем дел од работата за автоголот на Талавера, па како вистинска ѕвезда го реши натпреварот против третолигашот.

Учеството во трите гола му го обезбедија приматот играч на мечот, а Мбапе импресионираше и со срдечноста која ја покажа на гостувањето кај третолигашот.

Французинот најпрво разменуваше дресови на полувреме со ривалите и им ветуваше дека ќе добијат уште неколку во соблекувалната, па покрај тоа што го повтори тоа и по последниот судиски свиреж, режираше и една симпатична сцена со собирачот на топки.

Младото момче му пријде со дрес на Реал Мадрид, а Мбапе учтиво застана и му се потпиша пред да се упати кон соблекувалните.