Бруно Фернандеш се исповеда во интервјуто за „Канал 11“ и откри дека останал повреден и разочаран од односот кој го покажал Манчестер Јунајтед како клуб во изминатиот летен преоден рок, кога дел од директорите му дале до знаење дека нема да очајуваат доколку реши да ја прифати понудата од Саудиска Арабија.
Капитенот призна дека се почувствувал изневерено од директорите, но и во таква ситуација Португалецот реши да остане во Јунајтед, пред се поради своите убедувања и љубовта кон клубот, но и поради инсистирање на менаџерот Рубен Аморим.
Фернандеш пронашол доволно аргументи за останување и покрај разочарувачкиот однос од клубот, а сега на страна на Португалецот застана и Јан Рајт, легендарниот голгетер на Арсенал.
– Кога ја слушате изјавата на Бруно, доаѓање до заклучок дека во Јунајтед се неодлучни и за најдобриот играч. Ако некој дојде и ве праша за најдобриот играч, вие веднаш ја затворате вратата. Тој не сакаше да си оди, Бруно од прв момент порача дека се зависи од клуот, а тоа дефинитивно не сакате да го слушнете од играч кој го држи тимот цело време.
– Манчестер Јунајтед не застана зад својот најдобар играч, му дадоа опција да си оди, но тој не го направи тоа. Да се прашував јас, уште утре би го купил за Арсенал, – вели Рајт.





