[ФОТО] „Закачалка на добрината, сите оние кои немаат да се послужат од истата“: Пилјара во Гевгелија синоним за солидарност пред претстојните празници

Точка

18/12/2025

13:12

621

Големина на фонт

а а а

Предновогодишната и празнична магија со себе носи и солидарност, сѐ повеќе хуманитарни акции се случуваат низ Македонија, а еден убав пример пристигнува и од Гевгелија.

Акциите кои се организираат за помош на социјално загрозените категории носат нова радост и ја враќаат вербата во луѓето.

Една локална пилјара во Гевгелија која се вика „Кај кецот“ покажа дека хуманоста не бара големи ресурси туку доволна е само искрена желба да им се помогне на оние на кои им е најпотребно.

Тие пред нивната пилјара поставиле пано со закачалки каде граѓаните можат да остават топла зимска облека, како и прехранбени продукти со што на поединци би им обезбедиле топол оброк во текот на денот. Акцијата е отворена за сите.

Хуманитарна акција , закачалка на добрината под мотото „Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна; и кој...

Posted by Piljara ''Кај Кецот'' on Tuesday, December 16, 2025

„Хуманитарна акција – закачалка на добрината под мотото: Кој има две блузи нека даде една на оној којшто нема ниедна и кој има храна нека постапи исто така“, пишува покрај поставеното пано.

„Апелираме сите оние кои немаат и навистина им е потребно, да се послужат од истата. Да ги направиме празниците убави за сите“, порачаа од локалната пилјара.

Оваа хуманитарна иницијатива наиде на голем одѕив и позитивни коментари на социјалните мрежи, па така се нижат коментари, како:

„Браво деца, само така“, „Големо хумано срце. Браво, нека продолжи за пример“, „Браво за идејата“...