Надал за неочекуваната разделба меѓу Алкарас и Фереро: Играчот плаќа за да го слушне тоа што сака да го слуша

Дерби

18/12/2025

11:59

260

Големина на фонт

а а а

Изненадувачката вест за прекина на соработката меѓу Карлос Алкарас и Хуан Карлос Фереро ја шокираше цела спортска јавност, но посебно ги раздрма медиумите на Пиринеите, како и тениските експерти од Шпанија.

Неочекуваната вест пристигна како гром од ведро небо за цела јавност, а шпанските експерти Алекс Кореча и Тони Надал ја коментираа разделбата и ја проследија од свој агол.

– Навистина сум многу изненаден од оваа вест, а истовремено и многу тажен. Ова не е добар вест ниту за Алкарас, ниту за Фереро. Не им одеше воопшто лошо за да носат вака избрзана одлука, – изјави Кореча.

Според првите информации до кои дојдоа шпанските медиуми, Алкарас и Фереро се разделиле поради мали различности околу погледите и сфаќањата за тоа како треба да се движи кариерата на светскиот рекет број еден, а Тони Надал потенцира дека на крајот одлуките ги носи оној кој плаќа.

– Навистина сум изненаден и не го кријам тоа. Особено не очекував ваков расплет после одличната сезона во која освоија две грен слем титули и во која завршија како број еден. Односите во тенисот знаат да бидат тешки и комплицирани, бидејќи тој што плаќа, а секогаш тоа е играчот, најчесто сака да го слушне тоа што сака да го слуша, – изјави Надал.