Полуфиналето во Лига Купот носи две дерби пресметки

Дерби

18/12/2025

11:57

250

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити го победи Брентфорд со 2:0 и го завери својот пласман во полуфиналето во Карабао Купот, а пред да го дознаеме последниот патник во оваа рунда, веќе беше извршена последната ждрепка.

Непосредно по завршувањето на мечот меѓу Сити и Брентфорд, ждрепката ги одреди тимовите кои ќе се соочат во полуфиналето, а засега имаме три сигурни патници во оваа фаза.

Извлекувањето ги спои Сити и Њукасл во полуфиналето, додека Челси ќе чека ривал од победникот меѓу Арсенал и Кристал Палас.

Во полуфиналето се играат по два натпревари, а Њукасл ќе биде домаќин на првиот натпревар против Сити.

Од друга страна, Челси е сигурен домаќин на првиот меч во полуфиналето, а наредната седмица ќе дознае дали тоа ќе биде Арсенал, или другиот лондонски ривал Палас.