Гвардиола за класата која ја доби во својот тим: Дури и слепа жена ќе препознае дека е извонреден

Дерби

18/12/2025

11:55

243

Големина на фонт

а а а

Рајан Шерки полека почнува да се издвојува како играч кој може да има големо влијание врз играта на Манчестер Сити, а во ситуацијата кога тоа е се поочигледно и за новинарите во Англија, Пеп Гвардиола даде една интересна изјава за засилувањето кое го доби од Лион.

Францускиот фудбалер немаше баш лесна адаптација на англискиот фудбал поради повредата која ја влечеше, но во овој период кога стекна континуитет, почна да прави разлика од натпревар во натпревар.

Шерки вчера постигна фантастичен гол и го најави пласманот на Сити во полуфиналето на Лига Купот, а Гвардиола даде изјава во свој стил за класата која ја поседува новата „десетка“ на Сити.

– Рајан е извонреден, постигна фантастичен гол. Дури и слепо момче, дури и слепа жена ќе сфати за каква класа станува збор. Тој е извонреден, не треба да бидете менаџер или новинар за да го заклучите тоа.

– Голот кој го постигна беше фантастичен, но јас веќе имам видено такво нешто од играчи на Сити. Го имам видено многупати од Фоден, а секако и од Кевин Де Брујне во минатото, – изјави Гвардиола.