Роберто Фирмино веќе трета сезона е во Саудиска Арабија и се навикна да животот и фудбалот во оваа земја, но иако е доста далеку од Европа, се уште ги следи најинтересните случувања поврзани за неговиот поранешен клуб.
Ливерпул минува низ кризен период и се уште нема изградено идентитет со новите летни засилувања, но од сите оние кои дојдоа изминатово лето, се чини дека Уго Екитике дава најдобри перформанси.
Таков став дели и легендарниот Бразилец кој испиша историја на „Енфилд Роуд“, а исто така, Фирмино смета дека се гледа себеси во Французинот поради специфичниот стил на игра.
Несебичноста и способноста да дава голови му овозможуваат на Екитике да игра како централен напаѓач, но и како „лажна деветка“, позиција која редовно му припаѓаше на Фирмино во ерата на Јирген Клоп.
– Навистина многу ми се допаѓа Екитике од новиот тим на Ливерпул. Тој работи извонредно со топката во своите нозе и секогаш мисли на тимот. Во одредени аспекти, ме потсетува на мене. Гледам сличности во неговата игра од времето кога јас му се приклучив на Ливерпул, – вели Бразилецот во интервјуто за „ТНТ Спортс“.





